За прв пат во историјата, во светот повеќе се одгледува риба отколку говеда. Според најновите резултати на Earth Policy Institute, во 2012 година фармите за риба пласирале 66 милиони тони, дедека фармите за говеда пласирале 63 милиони тони.
Ова не значи дека се намалило производството на говеда, напротив се зголемило за 600% од 1950 поради порастот на популацијата. Но повеќе потрошувачи се свртиле кон здравата форма на протеини, а со тоа фармите за риба или аквакултурата доживеала експанзија. Најверојатно ова е првата година кога повеќе месо од риба е пласирано од фармите, отколку што биле уловени во природата.
Кина, која поседува 62% од светската аквакултура, го зголемило прозводството на сребрениот крап, поради тоа што се исхранува само со морска трева и планктони. Но другите фарми кои произведуваат ракчиња и лосос се зависни од уловените риби во природата, поради нивната исхрана. Поради тоа се предвидува дека аквакултурата неможе да го одржи нивото на експанзија, се додека не се пронајде нов начин одгледување.