Новиот уред Priv е дизајниран да им понуди на корисниците поголема безбедност од онаа на конкурентите.
BlackBerry го претстави својот прв паметен телефон кој работи со оперативниот систем Android. Тоа е нов пристап за компанијата, која досега се бореше да привлече потрошувачи со сопствениот оперативен систем BB10.
BlackBerry посочуваат дека новиот уред – Priv, е дизајниран да им понуди на корисниците поголема безбедност од конкурентите.
Според аналитичарите на пазарот идејата да се истакне подобрување на безбедноста на Android е добра, но е задоцнета и би имала поголемо значење пред три години.
Освен тоа, за компанијата ќе биде тешко да ги поврати корисници кои веќе со години се одлучиле за мобилни уреди на други компании.