За половина година 43 кривични против дилери на дрога во Тетово и Гостивар, запленети марихуана, кокаин, хероин…

Во изминатите шест месеци од оваа година на подрачјето што го покрива СВР Тетово до основните јавни обвинителства Тетово и Гостивар биле поднесени вкупно 43 кривични пријави (ТЕ-26 и ГВ-17), против 55 сторители (ТЕ-33 и ГВ-22), за кривични дела од областа на недозволената трговија и уживање со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Во текот на редовните и организираните акциски контроли биле пронајдени и одземени околу три и пол килограми марихуана, како и хероин, кокаин, канабис и амфетамин, извести СВР.
Во истиот период во врска со уживање во наркотични средства, биле изготвени и до надлежен суд биле поднесени 63 барања за поведување на прекршочна постапка (ТЕ-61 и ГВ-2), против 77 сторители (ТЕ-74 и ГВ-3) односно уживатели на опојни дроги, казниво по член 20 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.
СВР Тетово наведува дека во наредниот период ќе продолжи да презема мерки и активности во врска со сите видови криминални однесувања и притоа апелира до граѓаните за поголема соработка и навремено откривање на овие дела кои глобално имаат негативно влијание во општеството и ја загрозуваат безбедноста и иднината на младите.

Извор