За оние кои не слушнале за Flightradar24

Понекогаш имаме чувство дека на небото има повеќе авиони отколку птици. Па, кога ќе се запознаете со Flightradar24 ќе сфатите дека и не сте биле далеку од вистината. Регистриран е буквално секој авион, кој во моментов се наоѓа во облаците.

Имате информација за неговата дестинација, неговите карактеристики и целата тура, неговата моментална надморска височина, број на радар, брзина, географска ширина и должина, и траса. Сè е во RealTime.

Услугата е достапна за IOS, Андроид, Windows, MAC OS.

Технологијата која ја користат за повлекувањето на информациите на летот се вика ADS-B, а 70% од патничките авиони ширум светот го поседуваат  овој ADS-B транспондер.

За FlightRadar24 кликнете ТУКА

 

- Реклама -