За нив воздивнуваа сите мажи од поранешна Југославија (ВИДЕО)

Успешните дами на естрадата и филмот, за кои воздивнувала цела поранешна Југославија и денес се многу атрактивни.

Лепа Брена, Неда Украден, Сузана Манчиќ и Мира Фурлан, секако, припаѓаат меѓу жените кои биле најпосакувани и следени во секој нивни чекор.

Мира Фурлан

Screenshot_4

Актерката била на врвот на својата кариера кога отишла во Америка, каде и денес живее. Има играно во многу филмови и серии во југословенската продукција, а во Америја е позната по улогата во sci-fi ТВ серијата „Babilon 5“, како и по улогата во хитот „Lost“.

Сузана Манчиќ

Screenshot_5

Позната и како „Лото девојка“ таа е актерка, водителка и авторската кариера ја започна со песната „Огледалце, огледалце“ на неполни 18 години. Станала позната и откога излезе нејзиниот интимен филм, а позирала и за Плејбој. Таа и денес е многу присутна во јавниот живот на Србија.

Неда Украден

 Screenshot_8

Познатата пејачка ја започнала својата кариера во Босна и Херцеговина во 70-тите години, а во 80-тите биле една од најголемите имиња на југословенската популарна музика. Соработувала со бројни познати пејачи, а и денес ја освојува публиката со своите хитови и трансформации на сцена. Не е ни чудно што ја нарекуваат најсекси баба на Балканот.

Лепа Брена

Screenshot_9

Нејзината пејачка кариера на естрадата почнала во 1981 година, а нејзината популарност во Југославија растела со неверојатна брзина- а и денес не е ништо поразлично. Веќе од појавувањето во филмот „Тесна кожа“ станува препознатливо лице, денес и понатаму ги полни салите и објавува хитови, а со Саша Поповиќ е сопственик на „Гранд продукција“.

- Реклама -