Март е дефинитивно интересен месец за оние кои сакаат да го гледаат небото и ѕвездите.
Во петок на 20-ти март ќе има целосно затемнување на Сонцето, а од Македонија ќе се гледа делумно затемнување на Сонцето. Месечината ќе покрие околу 60 проценти од дијаметарот на соларниот диск. Почетокот на затемнувањето ќе биде во 8 часот и 40 минути. Максималното затемнување ќе биде во 10 часот и 45 минути.
Завршувањето за затемнувањето ќе биде во 12 часот и 50 минути, пренесуваат странските медиуми.
Се разбира сите се радуваме и со нетрпение го чекаме доаѓањето на пролетта! Астрономскиот почеток на пролетта ќе биде во петок 20-ти март во 23 часот и 45 минути.
На приложената слика светлосините линии ја означуваат областа на делумното затемнување, а темнисината линии ги означуваат областите на целосно затемнување на Сонцето.