Мојот најдобар пријател ја отвори фиоката на сопругата во орманот и извади пакетче спакувано во хартија.
Внатре имаше убава долна облека. Тој ја расфрли хартијата и ги набљудуваше со тага свилата и чипката.
„ Ги купив кога бевме за прв пат во Њујорк. Од тогаш поминаа сигурно 8-9 години. Таа никогаш не ги облече. Сакаше да ги задржи за некој посебен повод. И сега, мислам дека ова е вистинскиот момент “.
Тој се доближи до креветот и ги стави гаќите до другите работи кои ги беше приготвил да ги однесе во погребната агенција.
Кога тој се сврте кон мене, ми рече:
„Никогаш ништо не оставај за некој посебен случај. Секој ден во кој живееш е еден посебен повод “.
Секогаш се сеќавам на овие зборови. Тие го променија мојот живот. Денес читам повеќе од порано, без да мислам дека губам голем дел од денот. Седнувам на терасата и се насладувам на природата без да обрнувам внимание на тревникот во мојата градина. Поминувам повеќе време со семејството и пријателите и помалку работам. Сфатив дека животот е збир од доживувања, кои треба многу да се ценат. Од сега натаму ништо повеќе не прибирам и не чувам. Користам секојдневно кристални чаши. Ако сакам да ја облечам новата јакна и до продавницата, го правам тоа. Ги користам и омилените парфеми, кога сакам. Фрази како „Некој ден” ….. или „По некое време ….” веќе не постојат за мене и сум ги исфрлил од речникот. Ако вреди, сакам да ги видам работите тука и сега, да ги чујам, да ги направам.
Не сум сосема сигурен што би направила жената на мојот пријател, ако знаеше дека утре нема да ја има веќе: утрето што сите лесномислено го очекуваме. Мислам дека таа би се јавила по телефон на семејството и на некои блиски пријатели. Можеби и јас исто така би се јавил на некои стари пријатели, за да им се извинам за некои стари спорови. Тоа се малите неисполнети и неизвршени работи кои би ме растревожиле, ако знаев дека деновите ми се изброени. Би се налутил исто ако не бев се видел со одредени пријатели со кои сум сакал да се слушнам „тие денови”. Би се налутил исто така ако утврдев дека не сум ги напишал оние писма кои сакав да напишам „некој следен ден”. Би бил лут дека не сум им велел често на своите најблиски колку ги сакам. Сега веќе ништо нема да пропуштам да го одложам за утре или да ги задржам. Сега си велам дека секој ден е посебен повод. Секој ден, секој час, секоја минута се нешто посебно.
Непознат автор