Секој ден, една мала мравка пристигнувала рано на работното место и почнувала да работи. Имала резултати и била задоволна.
Газдата – лавот – се изненадил дека мравката работи без надзор.
„Ако таа произведува толку без надзор, не би ли можела да произведува повеќе, ако е под нечиј надзор”? – си помислил тој. Па така ангажирал една лебарка која имала големо искуство како претпоставена и правела прекрасни извештаи.
Првото решение на лебарката било да воведе контрола на мравката. Потоа на лебарката и била потребна секретарка, за да и помага со изготвувањето на извештаите и таа ангажирала еден пајак, кој освен со архивите, се занимавал и со контрола на телефонските разговори.
Лавот бил фасциниран од извештаите на лебарката и ја замолил и за графика на производството и анализа на трендовите, за да ги претстави на средби специјално организирани за оваа цел. За таа цел на лебарката и купиле компјутер, ласерски печатач и била ангажирана една мува која раководела на одделот за информатика.
Мравката, неодамна продуктивна и весела, била очајна од толку средби и контрола цело време! Лавот тогаш донел заклучок дека е дојден моментот да се создаде функцијата – одговорен за секторот на мравки. Оваа работа му била доверена на еден штурец, чие прво решение било да купи тепих и огромна маса за компјутерот. Штурецот, исто така, имал потреба од асистентка , за да му помага да подготвува стратешки план за оптимизирање на работата и да го контролира буџетот за секторот каде што работи мравка која во оваа фаза веќе не се забавувала и со секој изминат ден се лутела се повеќе. Во исто време штурецот го убедил лавот за апсолутна неопходност од истражување на средината. Откако го истражувал обемот на работа, лавот забележал дека секторот на мравка не произведува повеќе како порано.
Тој ангажирал еден був – познат консултант – да оствари ревизија и да предложи решенија. Бувот поминал три месеци во канцелариите и направил огромен извештај, во неколку тома, со заклучокот: „Има многу персонал во тоа претпријатие”.
Погодете прво кого разрешил лавот?
Мравката, нормално, бидејќи таа „манифестира недостиг на мотивација и конфликтно однесување” …
Поздрав до сите мравки.
Штурци и лавови некако се повеќе ве има во земјава. Каде е бувот?