За мене една петлова опашка „Секс он д бич“!

cock tail

Зборот (cocktail) е изведенка од опашка на петел. Cock – петел, tail – опашка.

Според една легенда, овој пијалок го добива името уште многу одамна кога во Америка се организирале борби со петли, по примерот во Шпанија.

cocktails5

Сопственикот на петелот кој ќе победи му ја откинува опашката на поразениот петел, а останатите учесници ги части пиење (најверојатно мешавина од повеќебојни пијалоци во кои има дел од опашката на петелот).

cocktails2

Според стариот американски барменски алманах, првиот коктел е направен сосема случајно, како мешавина на жежок дестилат со шеќер и лимон кој се дополнувал со разни видови битер и големи коцки лед.

cocktails4

Денеска има илјадници рецепти за коктели, па не е ни чудо меѓу нив да постојат и такви кои се разликуваат единствено по името.

cocktails3

- Реклама -