Зборот (cocktail) е изведенка од опашка на петел. Cock – петел, tail – опашка.
Според една легенда, овој пијалок го добива името уште многу одамна кога во Америка се организирале борби со петли, по примерот во Шпанија.
Сопственикот на петелот кој ќе победи му ја откинува опашката на поразениот петел, а останатите учесници ги части пиење (најверојатно мешавина од повеќебојни пијалоци во кои има дел од опашката на петелот).
Според стариот американски барменски алманах, првиот коктел е направен сосема случајно, како мешавина на жежок дестилат со шеќер и лимон кој се дополнувал со разни видови битер и големи коцки лед.
Денеска има илјадници рецепти за коктели, па не е ни чудо меѓу нив да постојат и такви кои се разликуваат единствено по името.