За милиони луѓе ширум светот е “историски факт” дека Исус имал бела кожа и сини очи, но има и такви кои не се согласуваат, алудирајќи на тоа дека Исус треба да се ослика согласно со културните особености на заедницата во која се формира неговата вера.
Оние кои ја застапуваат оваа теорија велат дека е клучна разликата помеѓу ликот на Исус од Назарет и Исус – Синот Божји. Бидејќи личноста на Исус останува замрзната во човечката историја, додека ликот на Христос не престанува да се развива веќе два милениуми.
Галеријата која ви ја претставуваме, покажува како човечката фантазија обезбедува неограничени варијации на сликите во различни краеви на светот и во различните култури.