За кого бијат Швеѓанките?

swedish girls

Шведска е една од земјите кои се познати и истрајни во својата желба да одржуваат рамнотежа меѓу половите. Излегува дека овој баланс е речиси совршен кај тинејџерите на возраст од 16-17 години. Според податоците на Светската здравствена организација од 2014-та година, природниот баланс бара на секои 100 девојчиња во земјата да има 105 момчиња. Во Шведска, во возрасната група од 16-17 години, на секои 100 девојчиња има 108 момчиња.

По сé изгледа, работите се на пат да се променат.

Нешто чудно се случува во Шведска во последно време – според најновите податоци, на секои 100 девојчиња на возраст од 16-17 години, во земјата има по 123 момчиња. Оваа разлика е поголема дури и од онаа во Кина, што е прилично сериозно, затоа што во Кина резултатите се во добар дел „наместени“. Бројот на момчињата во азиската земја е поголем поради политиката за одгледување на само едно дете и културниот императив тоа да биде момче. Ова води и до намерни абортуси, сé со цел раѓање на дете со „соодветен“ пол. Така, во Кина има 117 момчиња на секои 100 девојчиња на тинејџерска возраст.

Како бе така, преку ноќ?

Валери Хадсон, од Texas A&M University, наведува дека новите податоци се добиени откако кон населението на Шведска е додаден и бројот на имигрантите кои имаат поднесено барање за азил. Истражувањето се базира на претпоставката дека сите што побарале азил, истиот и ќе го добијат. А бројот на оние кои реално ќе се здобијат со бегалски статус нема да фигурира во статистиките на земјата барем уште една година.

Шведска добива повеќе барања за азил по глава на жител од било која друга земја во Европа. Лани, дури 163.000 луѓе побарале помош од „скандинавскиот рај“, во кој живеат 9.7 милиони луѓе. Изненадувачки е што повеќето од нив се поднесени од страна на лица на возраст од околу 16 години – обично непридружувани од родител или старател. 92.100 од нив се момчиња.

ISRAEL-DUMPING-NIGS-ON-SWEDEN[1]

Што толку мерак кај тинејџериве?

„Ако си малолетен, добиваш сместување и повеќе финансиски средства. Освен тоа опкружен си со многу луѓе кои ти помагаат да се справиш со различни прашања и проблеми“, вели Ханиф Бали, член на опозициската Умерена партија во шведскиот парламент. „Ако имаш потреба од храна, облека и што ли уште не, можеш да отидеш во општината и да ги побараш потребните пари“.

Има и друг, уште поголем плус, кој Бали го истакнува како мошне важен – азилантот има право да го прибере семејство кај себе, ако не е возрасен.

Огромните стимулации за малолетниците во Шведска објаснуваат зошто толку многу млади емигрираат толку рано во својот живот. Ако се направи анализа на различни држави, ќе се добие дека повеќето 16-годишни бегалци се од Авганистан – ги има седум-осум пати повеќе од оние кои во Шведска доаѓаат од Сирија.

Сите имаме 16!

Вестите за добрите услови кои ги добиваат малолетниците се шират и во Авганистан. Затоа, можно е некои од младите мажи да лажат за возраста. Такви проверки обично не се прават. Во скандинавските држави, голем дел од бегалците, кога се прашани, лажат за возраста. Ханиф Бали раскажува за случај во кој се покажало дека „тинејџерот“ всушност има 28 години. Идејата да се спроведуваат медицински тестови за да се утврди возраста на бегалците е контрадикторна, од една, и комплицирана и скапа, од друга страна. Сепак, таквата идеја наидува на сé поголема поддршка меѓу шведските политичари.

На долгорочен план, балансот меѓу половите во земјата може да се промени. Денешните 16 и 17-годишници имаат право да ги доведат своите семејства, па можно е некој ден и нивните сестри да стигнат до Шведска.

- Реклама -