За Кацарска цел Судски совет гласал дека не треба да биде разрешена

Членовите на Судскиот совет, одлуката за отфрлање на иницијативата за разрешување на судијката Добрила Кацарска ја донеле едногласно, дознава неофицијално „А1он“.

Ова следува по изготвениот извештај од тричлената комисија која на јавна седница ги сослуша и судијката и сопругот на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски, кој ја поднесе претставката за разрешување.

Илиевски, повеќе од еден и пол час ја објаснуваше претставката за разрешување на судијката Добрила Кацарска.

Претставката беше поднесена поради пристрасно водење на постапката, намерна повреда на правата за правично судење и груба повреда на судискиот кодекс во предметот за набавката на мерцедесот „Тенк“.

Како што рече Илиевски, кога Јанкулоска била во ризичнa бременост и два месеца потоа, со јавно кажаните закани дека ќе биде присилно донесена на судење, доколку не се појави на закажаните рочишта, Кацарска сакала да ја оствари целта за донесување одлука за постоењето вина на ексминистерката.

Целата статија прочитајте ја на а1он

- Реклама -