Вашиот син е мртов. Жал ни е. Умре од болест која медицината ја искорени пред 100 години. Не сте го вакцинирале своето дете и многу ни е жал поради вашата загуба. Јелена Карлеуша беше против вакцинација на Фејсбук и вие одбравте своето дете да не го вакцинирате за да не добие аутизам. Го послушавте тоа што ви го рече пејачката околу вакцините и сега вашето дете е мртво. Успеавте во тоа и вашето дете не умре како аутистично и пореметено, туку умре поради банални мали сипаници кои ги искоренивме пред многу години токму со вакцини; Но ете, вашето дете не ги примило соодветните вакцини, го нападнал тој вид сипаници кој се враќа на голема врата и наскоро ќе биде прогласена епидемија во целата земја. Жал ни е.
Требаше како родител да ја преиспитате компетентноста на Јелена Карлеуша и сличните личности кои зборуваат за вакцини и аутизам, за медицината и докторите и теориите на заговор. Ние не сме Јелена Карлеуша и разбираме дека нас не ни верувате бидејќи немаме милион следбеници на Инстаграм и Фејс, ама хеј – ние сме само доктори. Ние сме обични луѓе кои цел живот работат на тоа да го продолжат вашиот и животниот век на вашите деца, ама не сме пејачи и познати личности, па разбираме кога родители како вас не ги вакцинираат децата и после вашите деца умираат од болести кои некогаш одамна сме ги искорениле…
Знаете, не сте вие виновни. Не е виновна ни Јелена Карлеуша. Будалите имаат право на глас, на изразување и на мислење. Будали како луѓето кои не завршиле ни средно. Знаете, госпоѓо, дека Јелена Карлеуша нема завршено средно школо? Знаете ли дека таа нема диплома од здравство, и дека не е компетентна да зборува за вакцини? Не сте знаеле? Па добро, сега е доцна. Вашиот 6-годишен син утрово почина. Температурата доведе до колапс на белите дробови, и откако се обидовме да изведеме трахеотомија на неговиот тенок и опсипан врат од чирови и осипи, тој нажалост ни почина на докторските раце…
Јелена Карлеуша не беше тука за да ја сликне и постави на Фејсбук последицата од невакцинација бидејќи тоа нема да собере милион лајкови, но сега Вие имате прилика да објавите слика од својот син кој подлегна затоа што нема примено вакцина. Како што реков, можете да бидете среќни што не почина од аутизам. Аутизмот се добива од вакцини, нели? Тоа го тврди Јелена Карлеуша со своето школо, знаење и долгогодишно искуство во вакцинација. Знаеме дека не сме таа и дека нема смисла сега вам било што да ви зборуваме, ама ако ви е полесно, можете да бидете среќни што имавте совршено здраво момче кого го уби болест од минатиот век.
Јелена Карлеуша нажалост вам ве врати во среден век. Таа жена и неа сличните ве враќаат во среден век, и со своите мислења и силни докази симнати од интернет одлучуваат за судбината на Вашето дете. Продолжете сега со своите акции и гласови против вакцините. Кога ќе го погребате своето синче објавете уште неколку статуси за злокобното делување на вакцините врз човечкото тело. Вие сте здрави, така? Сте примиле вакцини? Се разбира дека да, и немате аутизам, не сте ретардирани и немате последица на мозокот? Интересно е што Вие, така здрави и нормални, имате заостанатост која е типична за аутизмот.
Јелена Карлеуша исто така има заостанатост типична за аутизмот ако погледнете подобро во речник; Од однесувањето и ставот на госпоѓа Карлеуша, паралелно со недостатокот од образование, стручност и компетентност на полето на вакцинација на деца, исто така ќе видите и заостанатост во сите останати полиња од животот. Се разбира, знаеме, ве разбираме, таа е дива, успешна, згодна, моќна и атрактивна жена која е остварена на сите животни полиња, а меѓу нив и вакцинација. Се разбира. Имате прекрасен пример и водилка, но со еден проблем – вашето дете е мртво.
Како што реков, јас не сум Јелена Карлеуша. Јас сум обична докторка, инфектолог во клиничкиот центар за инфективни болести и вируси. Немам Фејсбук и не сум на Инстаграм, па мојата работа околу болестите кои ги искоренува вакцинацијата никогаш не е споделена и лајкувана на мрежите каде Вие и Јелена Карлеуша го поминувате времето со своите вести од светот на вакцините. Нажалост немав прилика, како Јелена, да ја објавам својата работа и да споделам со милиони луѓе информации за тоа како деца како вашиот син наскоро ќе умираат од низа болести кои медицината еднаш одамна ги искорени…
Не сум Јелена Карлеуша. Обична докторка сум, што само што ја заврши смената, оди на вечера и после тоа во кино. Немам потреба да се занимавам со славни личности и нивните ставови околу вакцините. Јас учев 10 години медицина, а потоа уште 3 години специјализирав во својата работа за да можам утреден да спасам дете како вашиот син, но ете видете, не успеав. На мојот факултет не ме предупредија за Јелена Карлеуша и на нејзиното влијание во светот на вакцинацијата и лековите. Таа се разбира повеќе од мене. Таа е инфектолог и имунолог, а дури потоа музичка дива. Јелена Карлеуша ви помогна вашето дете да не добие смртоносна болест, пореметување и аутизам, ама гледате, не беше тука додека вашиот син се гушеше од отечен врат и внатрешни осипи во грлото, и не можеше да го спаси вашиот син бидејќи таа не е доктор. Жал ми е, но таа жена нема диплома од медицина; но тоа секако никој не ѝ ни го побарал, зар не?
Сте ја преиспитале ли некогаш Јелена Карлеуша и нејзиното знаење од медицината? Дали сте седнале со неа и сте ја прашале од каде ѝ е идејата дека вакцините предизвикуваат аутизам? Дали сте ја прашале каде има работено на пракса и кај кој доктор стекнала основно знаење околу состојките на секоја од поединечните вакцини за секоја болест, и за што е една вакцина всушност задолжена? Знаете ли дека вакцина не може да предизвика аутизам? Не знаете? Еве јас морам да ви кажам дека медицината уште нема развиено така моќна вакцина која во својот состав може да предизвика аутизам, заостанатост, ретардација и долгорочни последици… Не е можно. Не сум видела во својата работна пракса така моќна вакцина, но слушнав дека Јелена Карлеуша има видено такви опасни вакцини кои имаат смрт во својот состав. Не знам каде ги има видено бидејќи немам работено со такви вакцини. Имам дадено стотици вакцини и никој нема станато аутистичен, ретардиран и мртов од вакцина. Јелена Карлеуша очигледно работи со такви некои си опасни вакцини, па не сака да ги вакцинира своите деца.
Можеби ги има вакцините на Аца Лукас во неговата торба кои тој сам себе си ги дава, па тоа го побркала со истите оние кои им ги даваме на вашите деца… Ох, жал ни е, не им даваме такви вакцини на вашите деца. Вакцините во себе имаат трагови од оригиналните болести кои потоа внесени во организмот му испраќаат информација на телото дека тоа може да создаде антитела и изгради имун систем така што кога следен пат вашето тело ќе дојде во контакт со тој вид болест, тоа (телото) едноставно ќе го „изеде“ и уништи тој вид бактерија или вирус. Толку е просто. Вакцините се ослабени бактерии и кога се даваат во мала количина тие го тераат организмот да произведе антитела за следниот пат при контакт телото да може без проблем и едноставно да се одбрани. Јелена Карлеуша тврди дека во вакцините има аутизам, шизофренија, лудило и болести за целата цивилизација. За жал, нема, а сите докази за нејзините тврдења лежат на интернет, никако во официјалните енциклопедии за здравје и нега на болни. Никогаш ги немам видено тие вакцини за кои зборува таа жена. За човек да стане луд потребно е повеќе од вакцини, и помалку од вакцини. Лудилото, аутизмот, ретардацијата, закржлавеноста на мускулите, атрофијата и деформацијата не доаѓаат во вакцините и не се лечат со вакцини. Тие вакцини немаат толкава моќ, и нивната намена е многу проста – да изградите имунитетен систем кај своите деца за тие да не умираат во ова модерно време од средновековни болести. Жал ни е. Вашето дете и стотина други полека но сигурно умираат од средниот век кој го допуштивте оној момент кога одлучивте својот живот да ѝ го доверите на Јелена Карлеуша и нејзиното стручно мислење…
Ние како доктори сме немоќни. Немаме право Вас да ве натераме на вакцини. Нема потреба. Вие ја имате Јелена Карлеуша и нашиот предлог е да го почекате нејзиното стручно мислење на оваа тема. Ние сме незнајковци, жал ни е. Вашето дете е само едно од низата детски жртви кои вакцината можеше да ги спречи, а епидемијата допрва ќе расте, бидејќи вакцинацијата стана незадолжителна, а вие му отворивте врата на средниот век во својот живот…
Се надевам дека ќе ги вакцинирате останатите ваши деца, ама не морате. Еднаш прочитав еден прекрасен статус на еден угледен доктор кој завршил медицина и го посветил целиот свој живот на лечење на луѓе и деца: „Не морате да ги вакцинирате сите деца. Само оние кои сакате да ги задржите“.
Јелена Карлеуша е вакцинирана, го знаевте тоа? Не знаевте? Да, вакцинирана е, како и сите останати деца – против болестите од средниот век. Но кога подобро ќе размислам, таа навистина е во право. Вакцините навистина оставаат трајни последици на човекот, и за жал со тоа морам, како докторка, да се помирам, бидејќи доказот го имам пред себе – Јелена Карлеуша, вашето мртво дете, и вам сличните.
Сите вие – трајна последица од вакцинацијата.