Новиот тренер на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, од јуни ќе стане и најплатен фудбалски стратег во светот. Неговата годишна плата во баварскиот клуб ќе изнесува фантастични 17 милиони евра, што за два милиони евра повеќе од платата на Жозе Мурињо во Реал Мадрид. Трет според заработката е Карло Анчелоти, кормиларот на ПСЖ, кој има годишна плата од 13,5 милиони евра.
Италијанскиот стручњак Марчело Липи во Кина заработува 10 милиони евра во текот на една сезона, а дури потоа се менаџерите од Премиер-лигата, сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед (9.4 милиони евра), Арсен Венгер во Арсенал (9,3 милиони евра) и Гус Хидинк во Анжи (8,3 милиони евра).