За една недела има 25 нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани се три лица

„Возраста на заболените се движи од два месеца до 50 години, а најголем број од случаите се од возрасната група до четири години. Од заболените, 17 се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани, а тројца се ваксинирани согласно возраста“, се вели во соопштението на ИЈЗ

За една недела, односно од 26 јули до 1 август се пријавени 25 нови салучаи на голема кашлица или пертусис. Од нив, три се хоспитализира, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според последниот извештај на ИЈЗ, најголем број од случаите се пријавени во Скопје или 13, а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден од Битола и од Тетово.

„Возраста на заболените се движи од два месеца до 50 години, а најголем број од случаите се од возрасната група до четири години. Од заболените, 17 се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани, а тројца се ваксинирани согласно возраста“,

се вели во извештајот од ИЈЗ.

Заклучно со 1 август во државата, регистирани се вкупно 981 случај на голема кашлица, што претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Според извештајот на ИЈЗ, од вкуниот број на заболени или 981, кај 974 лица се регистирани симптоми, додека болестас кај седуммина е во асимптоматска форма.

Од 18 јануари до 1 август, дадени се вкупно 62.184 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

- Реклама -