Колумна на бугарскиот аналитичар Ивајло Дичев, за „Дојче веле“
Што прават нашите властодршци кога ќе се најдат во тесно? Уриваат некоја ромска колиба. Им објавуваат света војна на родовите кои самите си ги измислуваат. Политизираат светски кризи како оваа со коронавирусот. И се разбира- ги рекреираат историските војни за Македонија. Не знам како не им се смачи тој евергрин на патриотските гласачи, но во секој случај тој се уште е актуелен и ќе го оттргне малку вниманието на медиумите од неуморните протести на бугарскиот Мејдан.
Во меморандумот, испратен до земјите-членки на ЕУ, нашата влада открива кај југозападниот сосед подмолна „антибугарска идеологија“. Основното обвинување е тоа дека Северна Македонија воопшто постои- и доколку таа нова нација упорно одбива да се самоукине- тоа нашите го сметаат за акт на агресија.
Раѓањето на нациите, се разбира, е сложен процес и никој не може да каже колку ќе биде трајна македонската, како впрочем ни белгиската, шпанската или белоруската нација. Кога ќе кажам некому дека бугарската држава владеела со таа територија севкупно два и нешто века, ми одговараат дека населението е сепак етнички блиско (без едната третина Албанци, се разбира). Кога ќе му дадеме можност на тоа население да дојде кај нас- тие земаат пасош и бегаат кон Германија. Ама ние ги сакаме, сме гинеле за нив, им ги пееме песните…
Од чисто логична гледна точка делува апсурдно Бугарија да потпишува договори со партнер чие постоење го негира; брзањето на времето беше да ги оттргнеме од српските империјалисти, арно ама, сакале или не, ги признавме.
Исмевање со јазикот
Исто толку апсурдни се дежурните обвинувања за јазикот, кој кај нас го сметаат за дијалект на бугарскиот. Само што меѓу официјален јазик и дијалект има разлика, нели? Тие кодифицирале некаков единствен говор, одбран да е најдалеку од бугарскиот и од српскиот, точно како што сме сториле и ние, кога се кодифицирале наречјата, најоддалечените од блиските до српскиот западен дијалект. Кусоглед национализам. Но вака или така- историски факт.
И не ми е познат преседанот денес една држава да се исмева со тоа како се говори во соседната. Преседанот на таа ѕвездичка, со која требало „во крајна нужда“ да се прецизира, дека изразот македонски јазик се употребува „соодветно на Уставот на Република Северна Македонија“. Што точно добиваме од ова самозалажување, не разбирам… Целиот текст прочитајте го ТУКА.