За 50 години, човештвото нема да може да се прехрани

Хелен Браунинг, шеф на американската Асоцијација за почва, го обвини човештвото дека воопшто не се грижи за почвата.

„Веќе деградиравме околу 40% од почвата интернационално, а истото се случува и овде“, вели таа. „Ако не се грижиме за нашите почви, нема да можеме да ги прехраниме луѓето за 50 години“.

Браунинг исто така го критикуваше квалитетот/производството на денешната храна, наведувајќи дека е неефикасна и премногу зависна од евтини фосилни горива.

Нејзиниот предлог, објавен во Desert Island Discs, е да се спроведе што повеќе органско земјоделство, бидејќи со себе носи многу поблаги последици за почвата.

„Разбирам дека луѓето, кога се финансиски притеснети, нема да мислат на животната околина како на врвен приоритет“, додава Браунинг, но повторно предупредувајќи дека вака нема да траеме уште долго.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -