Утринава во големата акција за приведување на осомничени во упадот во Собранието на 27 април уапсен е и оперскиот пејач Игор Дурловски. Тој беше еден од предводниците на протестите организирани од како што тогаш се наречекуваше неформалната организација „За заедничка Македонија“.
Дурловски, инаку беше професор на Факулетот за музички уметности и директор на Македонската опера и балет. Набрзо по настаните на Крвавиот четврток тој истакна дека се повлекува од организацијата „За заедничка Македонија“, а потоа следуваше и повлекување од сите негови функции во земјава.
Ова утро приведен е Митко Чавков, еден од главните осомничени за неделување на полицијата во спречување на насилствата и упадот, како и пратеници, демонстранти и учесници во нападите врз пратениците, новинарите и полицајците.
(Извор: Фактор)