За 10 години луѓето ќе имаат секс со роботи

Дел од експертите од областа на технологијата предвидуваат дека за 10-тина години луѓето ќе почнат да водат љубов со роботи.

Трендот е веќе започнат, а во следните години роботите ќе земаат се поголем замав во секојдневниот живот. Тие ќе бидат се побројни и поефикасни во еден куп работи и задачи, а тој бран ќе се пренесе и во сексот.

Експертите, меѓу кои и Бил Гејтс, предупредуваат дека роботите ќе ги „крадат“ работните места на луѓето и ќе ги заменуваат во се повеќе области, а во истражувањето со наслов „AI, Robotics And The Future Of Jobs“, Стоу Бојд предвидува дека до 2025 година, луѓето ќе имаат роботски љубовници и секс-партнери. Тој очекува дека дотогаш роботите научат да ги познаваат нашите чувства и потреби и дека ќе реагираат на нив.

sexrobotics

Претпоставките се дека роботите ќе бидат спремни на секс во секое време и спремни да ја исполнат секоја сексуална фантазија. Бојд верува дека тие ќе станат вообичаено нешто, макар што во моментов ни е незамисливо дека некој би сакал да го замени својот партнер со робот.

Од друга страна, прашање е колку луѓето ќе сакаат да имаат секс со роботите што штотуку им ги преземале работните места.

- Реклама -