Николас Кејџ ќе глуми убиец, а Џони Ноксвил новинар во акцијата „Wild Side“. Сценариото го напишаа Стефанија Москато и Џеси Бегет, која се потпишува и на режијата.
Покрај двајцата холивудски актери, во филмот ќе настапи и Џуно Темпл, толкувајќи го ликот на Лили Бел Клајд, убавица што сака да го напушти градот Ну Орлеанс, а поради тоа ги краде веќе украдените дијаманти од криминалецот Одел (Кејџ).
Нормално, работите нема така едноставно да се одвиваат според планот, а во забавниот хаос голем придонес ќе има полицијата, како и локалниот новинар.
Снимањето на филмот ќе започне летово во Луизијана, а продуцентската клапа ќе биде составена од Марк Холдер, Кристин Холдер и Филип Голдфајн.