WeTransfer внесува новини и го средува тоа што им пречеше на многу корисници

WeTransfer е веб платформа која овозможува брзо и лесно испраќање на големи датотеки, како фотографии, видеа или документи на други луѓе на интернет. Досега, испратените податоци се чуваа само одреден период, по што се бришеа.

Меѓутоа, компанијата известува дека сега го менуваат тоа.

„Ни за милион години не мислевме дека ќе ги напишеме овие зборови. Или дека ќе дојде до ова. Но еве сме. Со тешко срце мораме да ве известиме: Линковите од WeTransfer повеќе нема да истекуваат. Врската со линковите кои истекуваат стана напната, а патот до ова беше долг и болен“ се пошегуваа тие на социјалните мрежи.

Во објавата од WeTransfer се истакнува дека ги послушале барањата на корисниците и дека датумот за истекот на линковите во мобилната апликација на WeTransfer се продолжува на 30 денови.

- Реклама -