Францускиот фотограф Alexandre Duret-Lutz прави интересни 3D панорамски фотографии кои ги нарекува Wee Planets. Користејќи посебен софтвер тој лепи 100 различни пози од некој објект или место за да креира панорами од 360 и 180 степени кои личат на мали планети.
Францускиот фотограф Alexandre Duret-Lutz прави интересни 3D панорамски фотографии
кои ги нарекува Wee Planets. Користејќи посебен софтвер тој „лепи“ 100
различни пози од некој објект или место за да креира панорами од 360 и 180 степени кои личат на
мали планети.
„За да направите 360×180 панорами треба да го фотографирате објектот или местото од сите агли. Исто така, треба да го сликате тлото и небото.“ според Alexandre Duret-Lutz. Тој ги прави овие фотографии избирајќи интересни фокални точки и зданија кои изгледаат атрактивни во хоризонтот.
Неговата прва панорамска фотографија од 365 степени со Ајфеловата кула, беше направена од 80 фотографии. Следната панорама со Ајфеловата кула беше направена од оваа слика со 16 „прилепени“ фотографии.
Потоа…
Фотографиите на Alexandre Duret-Lutz беа споредени со класичната книга за деца Малиот принц (доколку се сеќавате на книгата малиот принц живее на малечок астероид:). Погледнете повеќе Wee планети тука.