Wall Street 2: Новиот филм на Оливер Стоун (видео)

wallstreetФилмот на Оливер Стоун од 1987 година, „Wall street“, во времето кога се појави доживеа голем успех. Главниот актер Мајкл Даглас доби Оскар за најдобра машка улога, а актерската екипа беше исклучителнo добра: Чарли Шин, неговиот татко Мартин Шин, Дерил Хана, веќе споменатиот Мајкл Даглас, дури и Оливер Стоун се појавува на кратко во филмот. Сега, 23 години подоцна,  Стоун реши да ја продолжи приказната за посрамотениот великан од Волстрит, Гордон Геко (го игра Мајл Даглас), кој после повеќе од 20 години излегува од затвор.

Филмот на Оливер Стоун од 1987 година, „Wall street“, во времето кога се појави доживеа голем успех. Главниот актер Мајкл Даглас доби Оскар за најдобра машка улога, а актерската екипа беше исклучителнo добра: Чарли Шин, неговиот татко Мартин Шин, Дерил Хана, веќе споменатиот Мајкл Даглас, дури и Оливер Стоун се појавува на кратко во филмот. Сега, 23 години подоцна,  Стоун реши да ја продолжи приказната за посрамотениот великан од Волстрит, Гордон Геко (го игра Мајл Даглас), кој после повеќе од 20 години излегува од затвор.

Продолжението доби име Wall Street: Money Never Sleeps, во него повторно глуми Чарли Шин, а од позвучните имиња тука е и Сузан Сарандон. Во кината ќе пристигне на 23 април.

{youtube}oV5hEBqYfTE&feature{/youtube}
{youtube}xuQAfgAOMKQ{/youtube}
- Реклама -