Иако за прв пат го видовме „Walking Assist Device“ во 2008 година, компанијата Хонда неодамна пушти 100 примероци за поширока употреба во Јапонија. „Walking Assist Device“ е направа во вид на егзоскелет, а е дизајнирана да помага при одењето, кај лица на кои им е потребно. Уредот е тежок 2.6 килограми, а ремените на нозете и колковите придонесуваат за постабилен од и подолг чекор. 100-те помагала се распределени низ јапонските болници, како дел од заем-програмата на Хонда.
„Асистентот за одење“ доаѓа во две различни големини: средна (за колкови до 340 милиметри) и широка (за колкови до 380 милиметри). Според Хонда, 22-волтната Li-Ion батерија, сместена во контролната кутија при дното на грбот, овозможува уредот да трча и подолго од еден час со само едно полнење.
Вкупно 50 болници ќе добијат „Walking Assist Device“, по еден примерок од секоја големина.