Вулин: Пендаровски да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава

„Како Србија ќе го реши проблемите на Косово и Метохија, ќе одлучи Србија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша, ниту ќе бара негово мислење“, порача српскиот министер за одбрана – Александар Вулин, откако Пендаровски, во изјава за приштинскиот „Газета експрес“, порачал дека е против идејата за корекција на границата меѓу Белград и Приштина, бидејќи таквото решение би имало штетни последици за регионот и би го загpoзило целиот напредок остварен во последните 20 години.

Според Вулин, Пендаровски и во Македонија малку кој го прашува за било што, а уште помалку е важно што мисли македонскиот претседател околу прашањата на соседните држави:

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи, бидејќи никој ниту му бара, ниту му го прифаќа мислењето“, порача Вулин.

- Реклама -