Вучиќ плачеше на говорница (ВИДЕО)

На обраќањето пред насобраните околу 20.000 граѓани во Ниш, на манифестацијата за одбележување на 20 години од почетокот на бомбардирањето на Србија од страна на НАТО во 1999 година, српскиот претседател Александар Вучиќ си дозволи многу повеќе емоции отколку вообичаено.

„Пет години ја одбележуваме на вака величествен начин годишницата од агресијата на НАТО врз една мала, слободољубива и никогаш покорена земја. Горд сум на вас, драги граѓани на Србија, бидејќи вашиот слободарски дух нè натера, учејќи ги младите генерации за она што се случувало, да не заборавиме дека иднината можеме да ја градиме само на такви основи, чувајќи ја слободата, самостојноста и независноста на Србија како највисоки вредности. Ви благодарам што Србија со гордост и иднина е вечерва овде со нас“, порача Вучиќ.

Со зборовите на Мартин Лутер Кинг, тој порача дека Србите нема да ги паметат нивните непријатели, но ќе ја паметат тишината на нивните пријатели.

Прочитајте и:  Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција

„Тогаш пријатели речиси и да немавме. Им благодарам на оние кои не беа против нас, но нам не ни помагаше речиси никој“, констатираше Вучиќ.

Најмногу емоции, сепак, Вучиќ си допушти во обраќањето до Слаѓан Вучковиќ – српски подофицер кој во бомбардирањето од страна на НАТО ги загубил двете дланки:

„Драг Слаѓан, прекрасен човек, подофицер кој ги загуби двете дланки, налета на 107-мата мина фрлена од злосторниците, но има внуци и ќе има уште, ако бог даде… Ви благодарам на јунаштвото, на преданоста на татковината. Нема ништо поитно и поважно од татковината. Ви благодарам бескрајно за сè што сте направиле за татковината и за децата што сте ги спасиле од злосторничките мини“, порача Вучиќ, дозволувајќи солзите слободно да протечат. „За разлика од вас, јас можам и да плачам. Имам право на тоа, но вие немате, бидејќи Богољуб и Анѓела би се лутеле“.

https://youtu.be/hoDPAG9ydP0

- Реклама -