Вучиќ на пресот со Пендаровски: Стево, што ќе ти слушалки кога сѐ разбираш? (ВИДЕО)

Со поглед впepeн кон македонскиот колега и доза на чудење ја почна заедничката прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого Стево Пендаровски денеска оствари тет-а-тет средба во рамки на дводневната посета на Србија. Вучиќ не успеа да премолчи, па му забележа на Пендаровски:

„Па Стево, што ќе ти превод, кога сѐ разбираш? Како и јас, мене не ми треба за македонски.  А он српски десет пати подобро говори“, продолжи Вучиќ кон присутните новинари.

Иако коментарите кои резултираат со непpиjaтна ситуација за оној другиот не се така ретки за српскиот претседател, барем во српската јавност, а во српските медиуми уредно се документирани и моменти во кои Вучиќ буквално ги пoнижyвaл дури и своите министри, ситуацијата со Пендаровски заврши далеку поблаго.

„Слушам превод на германски и англиски“, брзо се снајде Пендаровски, на што Вучиќ иронично се насмевна, помолче неколку секунди, па немајќи што друго да додаде го почна пресот.

Видео: Канал 5

- Реклама -