Вучиќ: На Палмер му реков нешта какви што никој претходно му нема речено

„Денес можевте да видите, и кој сака да биде искрен кон себе, барем поради една ситница можевте да бидете горди на своето раководство… Изговорив нешта што никој од нашите претставници никогаш лично не им ги изговорил во лице на американски функционери“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи пред новинарите за средбата со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан – Метју Палмер.

„Не мислам дека бев прехрабар. Отворено разговаравме, го прашав сѐ, и тој мене ме праша, тие разговори не се секогаш лесни“, рекол Вучиќ одговарајќи на прашањето дали го прашал Палмер какви се обврските на Приштина за да продолжи дијалогот.

„Се разбира дека му реков. Ни за мене, ни за него, тоа не се лесни разговори. Но, дали треба да го замајувам народот и да кукам поради тоа? Па, се кандидирав за место за кое знаев дека не е лесно“, рекол Вучиќ, додавајќи дека јавно го соочил Палмер со делот од косовскиот устав кој ја исклучува можноста за формирање на војска, а кој Приштина, според него, без проблем го прекршила. Или со зборовите на Вучиќ, „најотворено говорел пред Палмер за тоа како косовските Aлбaнци го прекршиле дури и уставот на својата лажна држава“.

Прочитајте и:  Вучиќ: Се надевам на воспоставување брза пруга меѓу четирите земји Унгарија, Србија, Македонија и Грција

„Тоа го изнесов пред Палмер, без проблем, и горд сум на тоа и моите деца еден ден тоа ќе го покажат и ќе можат да кажат дека не сум се сокрил во глувчешка дупка, посебно не како овие од таканаречениот, нагласувам – таканаречениот, Демократски блок“, рекол Вучиќ.

Повеќе

- Реклама -