Второ издание на „МТБ Маврово 2024“ – Планинска авантура за сите љубители на МТБ велосипедизмот

На 23-ти јуни 2024 година, недела, љубителите на планинскиот велосипедизам ќе имаат можност да учествуваат на второто издание на „МТБ Маврово 2024“. Овој предизвик вклучува велосипедска МТБ тура со должина од 45 километри и искачување од околу 820 метри, нудејќи им на учесниците возбудлива и енергична авантура.

Организаторите ја нагласуваат важноста на правилата за безбедност за учество на настанот:

Задолжително носење на кацига, технички исправен велосипед и резервна гума.
Секој учесник треба да биде физички здрав и подготвен да ја извози турата, која е класифицирана како средно-тешка (7/10).
Секој учесник вози на своја одговорност и сам е одговорен за несаканите последици.
Водичите, назначени од организацијата, ќе го водат караванот на велосипедисти, додека сите учесници мора да ги следат нивните инструкции.

Пристигнување на учесниците предвидено е до 9 часот, подигнување на стартните пакети и пополнување на изјави. Учесниците ќе имаат можност да се освежат со утринско кафе во дворот на Црквата Успение на Пресвета Богородица во село Леуново, која ќе биде отворена за сите посетители.
Во 09:30 часот, закажан е официјалниот старт од Споменикот на НОБ во село Леуново.
Учесниците ќе имаат можност да уживаат во прекрасната природа и уникатниот пејзаж низ мавровскиот крај. На 20-тиот километар од стартот, ќе биде организирана поголема пауза со освежителен пункт. По успешното завршување на турата, сите учесници ќе бидат поканети на ручек во дворот на црквата во Леуново. Ќе следува забава, нудејќи можност за релаксација и заедничко прославување на успехот.
Турата е наменета за сите оние кои рекреативно и професионално возат планински велосипед, кои се чувствуваат физички подготвени за повеќечасовно возење во планина и кои поседуваат неопходна опрема за ваков тип на возење.
Повеќе информации за учество може да се добијат кај организаторот ГВ МТБ Клуб (077713778).

Извор