Уште неколку пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да дадат поддршка на уставните измени, кога во последната фаза од гласањето повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство, тврдат извори од ВМРО-ДПМНЕ за Дојче веле. Нивната бројка и имињата не сакаат да ги обелоденат, со цел да спречат каков било притисок и непријатности врз нив, како што посочуваат „од страна на познатите центри задолжени за ‘дициплинирање и превоспитување’ на секој со поинаков став од партискиот“.
Запрашани дали растот на поддршката може да се смета како резултат на влијание од страна на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, кој во октомври беше исклучен од партијата, и на разрешениот потпретседател, Митко Јанчев, кои јавно изјавија дека повикаа на поддршка на процесот на уставни измени, нашите соговорници имаат јасен одговор.
Прочитајте ТУКА.