И да си сигурен дека не знаеш да бекнеш шпански, не е точно. Знаеш да кажеш „Ајде да одиме на плажа“, а за тоа можеш да му се заблагодариш на огромниот хит од 1983 на италијанското дуо Righeira. Песнава и денес ја користат во курсевите по шпански јазик, а негде потајно ти се врти во глава и секогаш кога го префрлаш пешкирот преку рамо на пат кон плажа.
Арно ама, ако фатиш да ги анализираш стиховите, песнава престанува да биде така лесна и наивна како што звучи: зборува за последиците од нуклеарна експлозија и апокалиптична деструкција – тема што веројатно никогаш нема да ја чуеме во порадосна верзија.
Еве што се пее во текстот:
Vamos a la playa, oh oh oh oh x 4
Vamos a la playa, la bomba estalló
Las radiaciónes tuestan y matizan de azul
Во превод:
Ајде да одиме на плажа
Ајде да одиме на плажа, бомбата експлодираше
Радијацијата пече и затемнува сé во сино
Или овој стих:
Vamos a la playa, todos con sombrero.
El viento radiactivo, despeina los cabellos.
Во превод:
Ајде да одиме на плажа, сите со сомбреро.
Радиоактивниот ветер ја растура фризурата.
Или овој стих:
Vamos a la playa, al fin el mar es limpio.
No más peces hediondos, sino agua fluorescente.
Во превод:
Ајде да одиме на плажа, конечно морето е чисто.
Нема веќе смрдливи риби, само флуоросцентна вода.
Е ај нека не ти текне ова следен пат кога ќе vamos на плажа.