Хрватската естрада остава брдо пари на српските композитори.
Српските композитори Душан Бачиќ и Александар Милиќ Мили освен за Цеца и Лепа Брена пишуваат песни и за хрватските пејачки.
– Песната „Цунами“ освојува од прва, ве тера да започнете да танцувате, а некои од вас ќе се качат и на стол, истакна Јелена Розга, најавувајќи го својот нов хит кој настанал во работилницата на белградскиот композитор Душан Бачиќ.
Тој е најпознат по собработката со Неда Украден и Северина, но и Жељко Бебек и Црвна јабука.
Речиси се што ќе напише станува хит, па не е чудно што на естрадната сцена е еден од најскапите композитори кои ги наплатува песните дури и до 7.000 евра. Тој наводно добил толку пари од Северина за песната „Тарапана“ со помош на која што Севе го „разигра“ цел Балкан.
Северина веќе извесно време соработува со српски композитори. Така таа имала соработка и со Мили, автор на многу албуми на Цеца. Имено, последната соработка на Севе и Мили чинела околу 4000 евра. Инвестицијата се исплатела бидејќи „Море туге“ во првите 24 часа на Јутуб собра 785.000 прегледи.
Освен Северина и Јелена Розга ги користи услугите на српските композитори. Песните во просек чинат од 1.000 до 4.000 евра, но кога е во прашање хит, цените растат како луди.