Положбата на телото за време на спиењето со партнерот ги открива тајните за врската, покажува ново британско истражување.
Научниците анкетирале повеќе од 1.000 луѓе за позицијата на спиење во текот на ноќта, а учесниците, исто така требало да го оценат квалитетот на врската во моментов.
„Една од најзначајните разлики се крие во допирите”, вели Ричард Уајзман, професор по психологија и раководител на истражувањето во Велика Британија.
94% од паровите кои ја поминуваат ноќта во контакт еден со друг се среќни во врската. 68% од луѓето кои не се допираат со партнерот за време на спиењето, не доживуваат среќа од односот со него или неа.
42% од паровите велат дека спијат грб со грб, 31 проценти – во иста насока, а 4% – лице во лице. 12 проценти од двојките ја поминуваат ноќта на растојание од помалку од 2 сантиметри, а 2% спијат на повеќе од 50 сантиметри еден од друг.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека екстровертните луѓе претпочитаат да ја поминуваат ноќта поблиску до својот партнер, а креативните спијат на левата страна.