Времето денеска: Сончево со мала облачност и со слаб северен ветер

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со појава на поплдневна облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Повремено и особено на крајот од работната недела ќе има услови во планинските подрачја за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

- Реклама -