Времето денеска: Сончево и топло со температури до 39 степени

Во наредните денови, според временската прогноза, следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 39 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму велат дека ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец.

„Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9“,

велат од УХМР.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност.

„Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени“,

информираат синоптичарите.

Во наредните денови, според временската прогноза, следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.

Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. 

- Реклама -