Време: Променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Во недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Фото: МИА

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од три до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Потоа во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

- Реклама -