Сите го знаеме класичниот филм од 1985 – „Враќање во Иднината“, со Мајкл Џ. Фокс во главната улога. Но, дали сте знаеле дека Мајкл не бил првиот избор за таа улога? Првиот избор бил актерот Ерик Столц, кој веќе имал снимено материјал од 5 недели пред да биде заменет со Мајкл. Тука можете да видите како би изгледал филмот „Враќање во Иднината“ со Ерик Столц, видео кое е објавено по повод 25 годишнината од успешната трилогија.

Филмовите „Враќање во иднината“ го направија Мајкл Џ. Фокс голема ѕвезда и му го отворија патот кон успехот. Но, тој не бил првиот избор за таа улога. Првиот избор бил актерот Ерик Столц. Додека Ерик веќе поминал 5 недели во снимање на филмот, режисерот Роберт Земекис тогаш направил драстична измена – да го смени главниот актер.
Земекис вели дека одлуката била била многу тешка за целата екипа. Но, Ерик едноставно го немал тој детски шарм кој Роберт го имал на ум. Дури и кога Стивен Спилберг, кој бил извршен продуцент на филмот, ги видел снимките од првите кадри, и Роберт му рекол: „Мислам дека ќе нема толку смеење колку што се надеваме дека ќе има“. И Стивен знаел дека Роберт е во право.
Тогаш младиот Мајкл Џ. Фокс глумеше во серијата „Семејни врски“, па кога му беше понудена улогата тој работеше парарелно и на серијата и на филмот. Останатото е филмска историја. По повод 25 годишнината од мега популарната трилогија, на 26 Октомври, кога и филмот ќе биде издаден на Blu-Ray, за првпат се објавени снимките со Ерик Столц во главната улога.
Филмот е дел од поп – културата, беше издаден на 26 Октомври 1986 и заработи 381 милиони долари ширум светот. По него следеа и две успешни продолженија.
Погледнете го видеото со Ерик Столц и самите проценете кој е подобар за улогата на Марти МекФлај – тој или Мајкл Џ. Фокс?