Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието во 12 часот ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски. Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката.