МВР информира дека вечра (8 декември) во 14.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар–Градец, кај Врапчиште, патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Врапчиште, удрило во пешакот Н.П.(70) од Зубовце. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.П., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
„Во врска со настанот, во 20.30 часот во Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.М.(44) и А.М.(40) од истото село, поради сомнение дека се обиделе да го прикријат возилото кое учествувало во сообраќајната несреќа. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.“, стои во соопштението на МВР.