Воз, кој со помош на магнетна леветација би можел да се движи побрзо од авион, бил успешно развиен во лабараторија во Jугозападна Кина, но сè уште е рано за практична апликацја на технологијата.
За време на истражувањето возот се движел со брзина помеѓу 600 и 1200 километри на час, брзини со кои се движат комерцијалните авиони. Научниците веруваат дека оперативна верзија на овој воз ќе биде готова за помалку од 10 години, и очекуваат до 2030 технологијата да биде раширена во целата земја. Ваков воз би им овозможил на патниците да патуваат од Пекинг до Гуангжу за помалку од два часа – лет од главниот град то Гуангжу трае три часа.
Сепак, шансите оваа технологија да биде претворена во реалност се мали. „Ова е само експериментален успех. Неговата вредност е мала бидејќи е потребно многу убедување за да технологијата да добие практична употреба“ изјавил Шуаи Бин. Научници во моментов развиваат слична технологија и во САД и Швајцарија. Технологијата во теорија би им овозможила на возови, кои ќе се движат низ вакуум цевки, да достигнат брзини и до 20.000 километри на час.
Дополнителен бенефит од ваквата технологија би била ефикасноста. Ваквите возови би можеле да оперираат со само една десеттина од горивото кое е потребно за авионите, и ќе бидат речиси безвучни. Изградбата на нов транспортен систем од вакуум цевки би била многу скапа. Цената на само еден километар вакуум цевки би била неколку пати повисока од еден километар подземна железница (околу 30 милиони долари). [Scientists develop train that can go faster than airplane]