Восочниот Џорџ Клуни среде Лондон во чест на Св. Валентин

Madame Tussauds Launch New George Clooney Waxwork Ahead Of Valentine's Day

Светски познатиот музеј на восочни фигури Мадам Тисо кој се наѓа во Лондон во текот на вчерашниот ден, по повод Свети Валентин го изненади понежниот пол изнесувајќи ја восочната фигура на неодоливиот Џорџ Клуни на улицата Карнаби Стрит.

Несомнено е дека обожавателките кои поминале низ легендарната улица задоцниле на работното место бидејќи ја искористиле приликата да се фотографираат со најзгодниот маж на планетата, односно неговата фигура.

Сигурно се прашувате зошто изборот паднал токму на Клуни. Одговорот го имаат маркетинг претставниците од музејот кои претходно спровеле анкета чиј резултат бил едногласен – Џорџ Клуни.

- Реклама -