Восочна фигура на Мајкл Џексон отстранета од трговски во Данска

Најстариот трговски центар во Данска ја отстрани восочната фигура на Мајкл Џексон од страв дека може да биде навредлива за купувачите или да биде оштетена во светло на обвинувањата за злоставување деца против покојниот крал на поп музиката, особено во очи на најавениот документарец на темата – „Leaving Neverland“.

Како што изјави Шарлот Андерсен – маркетинг директорката на Rødovre Centrum во предградието на Копенхаген, за данската телевизија TV2, биле поднесени околу петнаесетина жалби поради присуството на фигурата на Џексон, главно од семејства и родители со деца.

Фигурата на Мајкл Џексон беше дел од најавената организирана изложба на восочни фигури по повод неделниот зимски училишен распуст кој почна вчера. Меѓу фигурите на познати личности се и такви како Мерилин Монро и Џулија Робертс. Фигурата на Џексон е заменета со фигура на Бред Пит.

 

- Реклама -