Вооружени крадци ограбија покер турнир во живо (видеа)

pokerturnirГрупа вооружени крадци украде околу 242,000 евра во кеш од германски турнир во покер, додека истиот беше пренесуван во живо на телевизија.

Група вооружени крадци украде околу 242,000 евра во кеш од германски турнир во покер, додека истиот беше пренесуван во живо на телевизија.

Нападот се случил преку ден во Grand Hyatt Hotel – Берлин, за време на европската покер турнеја вредна 4.7 милиони евра.

Додека неколку играчи ги заземале своите позиции, мажи вооружени со машинки, гранати и мачети насилно влегле во хотелот викајќи околу: „Не мрдајте, имаме бомби!“.

На снимките се гледаат играчите и гостите на хотелот, додека ТВ продуцентите може да се чујат како бараат да се прекине снимањето.

{youtube}QFn3XxRWcO0{/youtube}
Напаѓачите го совладале обезбедувањето, по што ги земале парите во делот за размена на чипови. На излегување еден од насилниците бил совладан на кратко од човек на обезбедувањето, по што друго лице од персоналот на хотелот грабнало една од торбите со пари.

На турнирот меѓу 1000-те натпреварувачи учествуваше и славниот тенисер Борис Бекер, но беше елиминиран пред да се случи грабежот. 

Германската полицијата потврди дека неколку играчи и гости се повредени.

{youtube}0pdMi43yK30{/youtube}

- Реклама -