Со бескрајни сини води, богат растителен и животински свет до самиот праг, и беспрекорна услуга која ќе го направи вашиот престој уште посовршен, одмаралиштето „Angsana Velavaru“ (што на националниот јазик на Малдивите означува Остров на Желките), претставува вистинско парче рај. Ресортот е составен од 79 луксузно уредени вили на островот и 33 кои се опкружени со волшебна светло сина вода.