Ако сакате да видите необични пејзажи кои изгледаат како надвор од овој свет не мора да отпатувате на друга планета. Некои краеви на светот лесно би можеле да послужат како одлична сценографија за снимање на научнофантастичен филм. Ви ги претставуваме најегзотичните предели на Земјата кои воодушевуваат со својата вонземска убавина.

Во Гигантскиот насип во Ирска можат да се избројат околу 40.000 хексоаголни базалтни столбови настанати во дамнешните вулкански активности. Ова природно чудо е едно од најпопуларните атракции во Северна Ирска.
Карпите во Националниот парк Браис Кањон во САД кои се издигнуваат и до 2.700 метри во висина се вистинско естетско доживување. Кањонот е преполн со црвени седимнетни карпи налик на тотеми. Некои од нив се повисоки од десетокатница.
Камениот бран од песочници во Vermilion Cliffs Wilderness во Аризона е преполн со формации со хипнотичка убавина. Заради чувствителноста на формациите дозволени се само 20 посети дневно.
Black Rock Desert е корито на исушено езеро на северозапад во Невада. Неговото рамно тло послужило како идеален полигон за соборување на брзината на различните возила. Една од неговите знаменитости секако е гејзерот Флај.