Денес во 18 часот во студентскиот двор „Гоце Делчев„ ќе се одржи настанот „Во(н) јавниот простор“ во организација на Галена Јованоска и Алекс Шалевиќ, како дел од програмата „Акции за заедницата: Мобилизирање на граѓан(к)ите за локални решенија“ поддржан од National Endowment for Democracy.
„Во текот на целиот настан со нас ќе бидат нашите пријатели од Лабараториум кои ќе ни служат освежителни пијачки за уште поголемо уживање во топлото попладне. Не заборавајте со себе да понесете некое парче текстил- маичка, дуксерче, торбичка, на која другарите од Партизанска Штампа ќе ви испринтаат уникатен дизајн за спомен од настанот“, порачуваат организаторите.