Concept 26, се покажа како едно од најголемите изненадувања на автомобилскиот салон во Лос Анџелес – пред отворањето на шоуто недостатокот на вести од страна на Volvo изгледаше чудно.
Но претставувањето на концептот за внатрешноста на автономниот автомобил се покажа повеќе од интереснo, бидејќи Concept 26 не покажува стандарден автомобил или не на начинот на кој сме навикнати да гледаме како се презентираат нови модели.
Проектот беше именуван по времето што просечно го поминува на ден еден американски возач на патот кон работа – 26 минути, и според креаторите е “концепт за внатрешен дизајн”, што го објаснува отсуството на мотор, трансмисија или суспензија.
Concept 26 ни покажува како “луксузните автономни автомобили ќе се интегрираат во секојдневниот живот”. Што пак значи дека идните сопственици на идните автономни модели на Volvo ќе можат да уживаат во интересно и пријатно патување.
“Целта на проектот е да видиме како ќе патуваат луѓето на одборот на еден автономен автомобил, тие се најважниот дел од проектот“, изјави потпретседателот на одделот за ентериери на Volvo Робин Пејџ.
Во автономниот автомобил луѓето ќе имаат можност за целосна употреба на своето време, да комуницираат, да завршат некоја работа или пак едноставно да се одмараат, да слушаат музика или да прочитаат нешто на интернет. Автономните автомобили ќе го направат сето тоа возможно.
“Concept 26 е посветен на тоа да даде нова смисла на она што се случува на одборот на возилото.”
Ако еден нормален автомобил може да му предложи на возачот режими на работа на моторот и другите системи како Eco, Normal или Sport, тука изборот е Drive, Create или дури Relax.
Drive, како што сугерира името може да биде користен кога возачот сака да учествува во управувањето – со воланот или да даде гас или да ја користи сопирачката. Затоа и позицијата на седиштето му е како кај нормално возење во споредба со Create или Relax.
На овие два начини, автономномноста има приоритет, а централната конзола се сели автоматски назад, за да му даде пристап на возачот до одличниот инфозабавен систем Sensus. А за другите патници на автомобилот е предвиден дисплеј кој излегува од таблата со инструменти.
Concept 26 е доказ дека во Volvo работат сериозно на тема автономните автомобили. Со други зборови, инженерите и дизајнерите на брендот мислат за нешто повеќе од техничките пречки со кои ќе треба да се справат автономните автомобили, бидејќи задоволството од таквото патување е нешто важно за идните сопственици на вакви автомобили. Со оглед на тоа што не е доволно да го доверите управувањето во “рацете” на компјутерите и електрониката, треба да размислиме и што ќе прават луѓето во возилото.