Компанијата Volvo најави купување на симулатор шасија Vi-Grade што ќе биде искористена при развојот на нови модели на марката. Аналогна опрема користат лидерите во автоспортската технологија, Ferrari и Porsche.
Виртуелниот симулатор нуди широк спектар на патеки за тестирањето на идните автомобили, а во листата е вклучена и патеката Нирбургринг, како и тајната патека на Volvo Cars во Шведска. Со помош на Vi-Grade скандинавците ќе можат брзо да ги коригираат возните својства на автомобилот и неговото однесување на патот.
Според зборовите на Петер Мртенес, постар заменик претседател на Volvo Cars, новата технологија ги надополнува досегашните методи и претставува нов почеток за автомобилите на брендот. Тоа ќе им даде поголема слобода на инженерите при изработката на концептните модели и истовремено ќе задржи важни ресурси. Друг од топ-менаџерите на компанијата, Стефан Карлсон, е категоричен дека со помош на симулаторот дизајнот на автомобилите ќе трае далеку помалку време. Причината е дека инженерите ќе имаат сосема реален математички модел на идниот производ, па ќе можат уште во рана фаза да го коригираат процесот во согласност со поставените задачи.