Волшебни „живи мостови„ кои растат од корени (ФОТО)

 

Во северно-источна Индија во државата Мегалаја може да се видат неверојатни примери на фантастични мостови. Луѓето од локалното племе на „Каши“ развиле начин да направат мостови од вистинските корени на каучуково дрво.

Во Черапуња, место каде паѓа 11.000 литри дожд на метар квадратен, било потребно да се најде решение за долготрајни мостови. Мостовите кои што биле направени од бамбус биле бескорисни за локалното население поради големите колични на вода кои што се слеваат низ богатата зелена тропска шума.

Племето „Каши“ открило решение за овој проблем пред многу векови. Каучуковото дрво (лат. Ficus elastica) има секундарни корени што се влечат и искривуваат по целата површина на земјата.

Мештаните научиле да ги насочуваат корените во посакуваната насока со помош на лисјата. Со насочувањето на корењата на другата страна на реката, барајќи плодно тло. Додека коренот растел, камења биле поставувани по должина на овие мостови како би се формирала поголема стабилност на мостот.

Потребни се околу 10 до 20 години за мостот да може да поднесе тежина на дури 50 луѓе и да одолее на големите врнежи од дожд кои што предизвигуваат големо надоаѓање на реката.Како што поминува времето така и корењата стануваат се поцврсти. Некои од постоечките мостови се стари и преку 500 години.

- Реклама -